Дресот на легендарниот Чембрлен продаден за 4,9 милиони долари

Дресот од Лос Анџелес Лејкерс на Вилт Чембрлен, кој го носеше на финалнат асерија во 1972 година, беше продаден за 4,9 милиони долари.

Лејкерс во финалето со 4-1 го совлада Њујорк никс, а Чембрлен во последниот натпревар постигна 24 поени, 29 скокови и осум асистенции.

Чембрлен ја почна кариерата во 1958 година и одигра вкупно 1.045 натпревари, а постигна 31.419 поени.

Освен големата кариера, Чембрлен бил и голем заводник, односно тврди дека спиел со над 20.000 жени.