Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз потврди дека ќе настапи на Лејвер купот во септември 2024 година во Берлин.
Вториот тенисер на АТП-листата потврди дека ќе игра за Тимот Европа.
„Го почитуван Бјорн Борг, кој има доверба во мене. Со нетрпение очекувам да се соочам со моите ривали. За мене е голема чест што ја претставувам Европа во ова натпреварување. Едвај чекам да видам кои ќе бидат мои колеги“, кажа 20-годишниот Алкараз.
Шпанецот призна дека е возбуден што ќе игра пред германската публика.
Ready to take back the @LaverCup title with Team Europe! 🏆😍 https://t.co/kRy6fUI6s6
— Carlos Alcaraz (@carlosalcaraz) November 8, 2023