Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На божиќниот ручек на Реал Мадрид се собраа ѕвездите на клубот, а на истиот беа присутни и фудбалерките.
Најмногу внимание привлекоа неколку играчи, меѓу кои и талентираниот Англичанец Џуд Белингам, кој стана голема ѕвезда по одличниот старт во Мадрид.
Освен на теренот, Белингам е ѕвезда и надвор од него, па така две фудбалерки го „нападнаа“ и побараа да се фотографираат со него.
Карла Камачо и Каролина Веир го замолија Белингам за фотографија, а англискиот репрезентативец со задоволство им ја исполни желбата.