Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација славеше со 29-27 против Швајцарија во третиот меч од групната фаза на Европското првенство (ЕП) во Германија.
Македонија одигра добро прво полувреме против Швајцарија во кое блесна голманот Мартин Томовски, а на паузата предноста за нашата репрезентација изнесуваше 13-9.
Во вториот дел Швајцарија заигра поквалитетно, додека Македонија грешеше во нападот и не функционираше одбраната, меѓутоа нашиот национален тим се разбуди во завршницата и славеше со 29-27.