Уапсен навивач поради поздрав на Хитлер (Видео)

Италијански навивач бил приведен затоа што го копирал поздравот на Хитлер во еден бар во Минхен.

Портпаролот на германската полиција соопшти дека на 18-годишниот навивач му е изречена висока парична казна.

Полицијата размислува и за дополнителни санкции кон навивачот, но и кон неколку други лица кои пееле нацистички песни.