Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома славеше против Лацио во градското дерби во Рим со голот на Џанлука Манчини и освои големи три бода кои ќе ѝ помогнат во трката за место во Лигата на шампиони (ЛШ).
Манчини го постигна голот во 42. минута по центар-шут на Пауло Дибала, по што Лацио не успеа да се врати.
Даниеле Де Роси ја препороди Рома по доаѓањето на кормилото на клубот, кој сега е петтопласиран со 55 бодови, односно два помалку од Болоња.