Ракометар на Вардар се сели во Ваљадолид

Македонскиот ракометар Мартин Карапалевски од следната сезона ќе го носи дресот на шпански Ваљадолид.

Карапалевски ќе им се приклучи на македонските ракометари Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски.

Ваљадолид е на седмото место во АСОБАЛ-лигата со освоени 23 бода.

Фото: РК Вардар