Евролигата го суспендира Теодосиќ и му изрече парична казна (Видео)

Кошаркарот на Црвена Звезда, Милош Теодосиќ ќе оди на „ладење“ поради неговото однесување за време на мечот против Анадолу Еефс.

Теодосиќ најпрво направи груб прекршок врз Отуру, а потоа влезе во вербален конфликт со судијата Хуан Карлос Гарсија.

Евролигата не му го прости потегот и затоа го суспендираше на два натпревари, а Теодосиќ ќе мора да плати и парична казна од 15.000 евра.