Ѓоковиќ: Во мене сè уште живее дете, гладен сум за успеси!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше лоши резултати од почетокот на 2024 година, но и покрај тоа е главен фаворит за титулата на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ кажа дека бил непријатно изненаден во Рим, меѓутоа во него сè уште живее детето кое било заљубено во тенисот.

„За некои сум зрел маж, но во мене сè уште живее детето кое е заљубено во тенисот. Гладен сум за успеси и се надевам дека ќе освојувам нови титули. Нема да биде лесно во Париз, но верувам во успешен настап“, кажа Ѓоковиќ.

Вториот гренслем-турнир во сезоната ќе почне на 20 мај.