Денвер загуби со 45 поени разлика, Јокиќ даде интересен коментар (Видео)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ заедно со соиграчите од Денвер нагетс доживеаа огромен пораз од Минесота тимбервулвс и ќе играат „мајсторка“ за пласман во финалето на Западот.

Денвер загуби со 45 поени разлика, а Јокиќ не можеше сам да ја спречи катастрофата на актуелниот шампион во НБА-лигата.

Јокиќ по натпреварот имаше смисла за хумор и пронајде сила да се пошегува на сметка на неговиот тим.

„Мислам дека ги имавме при резултат 9-2, нели? Во тие моменти не изгледаше добро за нив“, кажа Јокиќ и ги насмеа новинарите.