Претседателката на Македонија ги испрати олимпијците во Париз


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Македонската олимписка делегација денеска беше на прием кај претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

Претседателката ѝ го предаде македонското знаме на Милијана Рељиќ кое ќе се развиори на отворањето на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Македонија ќе се претстави преку шест олимпијци, и тоа Дарио Ивановски во атлетика, Владимир Егоров во борење, Никола Ѓуретановиќ во пливање, Анастасија Мојсовска во стрелаштво, Еди Шерифовски во џудо и Рељиќ во таеквондо.