„Саинц е најдобра опција за Ред Бул ако си замине Перез“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Поранешниот шампион во Формула 1, Жил Вилнев кажа дека шпанскиот возач Карлос Саинц е најдобра опција за Ред Бул доколку си замине Серхио Перез.

Ред Бул наскоро би можел да го реконструира тимот, односно да го избрка Перез, а се шпекулира дека Саинц ќе биде негова замена.

„Во моментов нема соодветна замена за Перез. Цунода не вози добро, а на Лосон му недостига искуство. Мислам дека Саинц е најдобрата опција да го замени Перез во Ред Бул. Тој е одличен возач и Ред Бул треба да го ангажира“, кажа Вилнев.