Навивачите на Барселона добија забрана за гостување во Белград


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона доби забрана да продава билети на своите навивачи за следниот натпревар од Лигата на шампионите поради расистичко однесување за време на натпреварот против Монако, соопшти во петокот УЕФА.

“Контролното, етичко и дисциплинско тело одлучи да наложи извршување на суспендираната дисциплинска мерка која ја изрече Жалбеното тело на УЕФА со својата одлука од 17 април 2024 година поради расистичко однесување на навивачите на Барселона, односно да забрани на Барселона продажба на билети на своите гостински навивачи за следниот натпревар од УЕФА во согласност со членот 26(3) од Дисциплинскиот правилник на УЕФА,” стои во соопштението на УЕФА.

Барселона е казнета и со 10.000 евра парична казна и дополнителна забрана од еден натпревар за продажба на билети на своите гостински навивачи. Монако минатата недела ја победи Барселона со 2-1 на својот стадион. Следниот натпревар од Лигата на шампионите Барселона го игра во Белград против Црвена Зведа на 6 ноември.