Застрелан поранешен турски репрезентативец (Видео)


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Фенербахче, Серхат Акин бил застрелан во Истанбул по мечот меѓу неговиот бивш клуб и Ројал Унион.

Акин, кој работи како стручен коментатор, бил застрелан во левата нога, а на социјалните мрежи се појавија снимки од безбедносните камери.

Напаѓачот му се приближил на Акин, а потоа извадил пиштол и пукал, по што го погодил поранешниот турски репрезентативец во нога.