Легенда на Јунајтед удри по сопствениците на клубот поради отказот на Фергусон


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Французинот Ерик Кантона, ги критикуваше новите сопственици на клубот затоа што ја прекинале соработката со поранешниот тренер и директор Алекс Фергусон, кој е икона на тој славен клуб, објави францускиот спортски лист „Л’екип“.

Фергусон (82) е во вторникот сменет од местото „глобален амбасадор“ и директор на клубот, односно позиции кои ги извршуваше од 2013 година.

„Сер Алекс Фергусон треба да работи сè што сака во клубот до крајот на животот. Каков недостаток на почит, тоа е целосно скандалозно“, рече Кантона и додаде дека секогаш ќе го смета Фергусон за главен шеф.

„Новите сопственици на Јунајтед покажаа дека не го разбираат и не го почитуваат фудбалот, и се надевам дека поради ова ќе завршат на дното“, кажа Кантона.

.