Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На последните три натпревари на Реал Мадрид Арда Гулер на теренот помина само една минута. Тоа доволно говори колку Карло Анчелоти смета на неговите услуги. Гледајќи го 19-годишникот како се загрева за време на натпреварите, а не влегува во игра, понекогаш изгледа навистина болно.
Многу фанови на Реал беа изненадени кога Анчелоти за време на натпреварот со Милан од игра одлучи да го извади Лука Модриќ, а шанса да даде на Дани Себаљос.
Тоа беше посебно тежок удар за Ѓулер, кој последно време воопшто не игра. Така последните три натпревари ги помина покрај авт линијата загревајќи се.
Натпреварот против Борусија Дортмунд беше последен во кој настапи. Тогаш на теренот помина минута и тоа кога сè беше завршено.
Ѓулер се смета за еден од најдобрите млади играчи во светот, но очигледно е дека Анчелоти има други планови и идеи и не смета многу на неговите услуги.
Истовремено, изгледа и дека поранешниот фудбалер на Фенербахче станува уморен од сè и почна да покажува први знаци на тага и незадоволство.
Имено, за време на натпреварот против Милан камерите го снимија моментот кога Гулер се загрева, а друштво му правеше Ендрик, друг голем талент кој исто така не игра последно време.
.