Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Пред две недели во Париз се одржа церемонија за доделување на „Златната топка“, а покрај тоа се избираше и најдобриот млад играч на светот. Наградата „Копа“ на крајот ја освои Ламине Јамал, а поради тоа во центарот на вниманието се најде Лука Модриќ затоа што беше објавено кому искусниот Хрват ги дал своите гласови.
Доделувањето на Златната топка што се одржа пред речиси две недели предизвика големо внимание во фудбалската јавност затоа што се очекуваше дека победникот ќе биде Винисиус Жуниор, но наградата на крајот отиде во рацете на Родри.
Поради тоа никој од Реал Мадрид не сакаше да присуствува на оваа свеченост затоа што сметаа дека нивниот фудбалер е ограбен, па во последен момент го одложија патувањето за Париз.
Но, покрај „Златната топка“ на оваа церемонија беа доделени уште неколку награди, а меѓу другите и трофејот Kopa што се доделува за најдобриот млад фудбалер на светот.
„Копа“ трофејот го освои на крајот Ламине Јамал кој убедливо ја победи својата конкуренција и беше избран за најдобриот млад играч на светот и тоа по својата прва сезона во професионалниот фудбал.
„Франс Фудбал“ одлучи да објави кој како гласал во изборот за Kopa трофеј, а познато е дека гласале претходните освојувачи на „Златната топка“.
На удар на критиките особено се најде Лука Модриќ кој исто така даде максимален број гласови на Јамал, а на второ место го ставил својот соиграч од кралскиот клуб Арда Ѓулер.
.