Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Со потпишувањето на спонзорски договор со „Најк“ конечно Барселона ги реши финансиските проблеми кои го мачеа каталонскиот клуб веќе неколку години и наредното лето ќе се врати на сцена во голем стил кога станува збор за трансфери. Ханси Флик веќе има неколку желби, а се знае кои двајца играчи ќе бидат меѓу приоритетите.
Барселона и „Најк“ пред неколку дена го продолжија спонзорскиот договор и соработката која трае повеќе од 20 години.
Договорено е дека новиот договор ќе трае дури до 2038 година, а Барселона од истиот ќе заработи огромна сума на пари. Тоа им беше крајно потребно на Каталонците за конечно да излезат од финансиската криза која трае веќе неколку години.
Шпанските медиуми наведуваат дека Барселона нема да биде премногу активна во јануарскиот преоден рок и дека Жоан Лапорта и друштвото подготвуваат спектакл за наредното лето.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека првите желби на Барселона следното лето ќе бидат Нико Вилијамс и Рафаел Леао и дека на Барса парите нема да им претставуваат проблем за да ги донесат двајцата следното лето.