Санчо само што дојде во Челси, а веднаш се поврзува со друг премиерлигаш


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот фудбалер Џејдон Санчо пристигна на позајмица во Челси од Манчестер јунајтед, со тоа што лондонскиот гигант ќе мора да го откупи неговиот договор за 25 милиони евра.

Санчо не добива голема минутажа ниту на „Стемфорд бриџ“, па во англиските медиуми се појавија шпекулации дека наскоро ќе го напушти Челси.

Како негов следен тим се споменува Тотнем, кој покажал интерес за Санчо, а Челси нема ништо против идејата да го продаде.

Челси наводно планира да оствари заработка од трансферот на Санчо, односно ќе бара најмалку 40 милиони евра за неговиот потпис.