Навивачите на Баерн го навредуваа претседателот на ПСЖ, клубот веднаш се извини


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Баерн во вторникот на својот стадион „Алијанц Арена“ го победи ПСЖ со 1:0. Сепак, по натпреварот најголемо медиумско внимание привлече транспарентот што го поставија домашните навивачи. Големата кореографија беше насочена против претседателот на ПСЖ, Насер ал-Хелаифи.

На два транспаренти поставени на трибините напишаа: „Министер, сопственик на клубот, сопственик на телевизиските права, член на Извршниот комитет на УЕФА, директор на Европската асоцијација на клубови, сето тоа во еден?“ а потоа на оној на оградата, со знаме на кое е прекриена главата на ал-Хелаифи: „Фудбалот, тоа сум јас? Оди си, Ал-Хелаифи!“ Сега за целата ситуација баварскиот клуб му се извини на ПСЖ.

„За време на натпреварот на Баерн во Лигата на шампионите, транспаренти упатени кон Париз Сен-Жермен и неговиот претседател Насер ал-Хелаифи беа видени на Алијанц Арена. Баерн се извинува ако противниците и нивните претставници на својот стадион беа лично споменати на ваков начин и со таков тон и ако поради тоа се почувствуваа навредени.

Клубот сака јасно да стави до знаење дека овие транспаренти не се одобрени од Баерн и дека не ги одразуваат неговите ставови. Тие не се во согласност со добрите и долгогодишни односи на двата клуба. Тоналитетот на овие транспаренти е исто така спротивен на стилот на Баерн и начинот на кој клубот се однесува со почит кон своите меѓународни партнери“, пишува во изјавата.

.