Кампацо пцуеше, па ја молеше Евролигата да не го казни (Видео)


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Кошаркарите на Реал Мадрид и Барселона одиграа спектакуларен натпревар во 12. коло на Евролигата, а тимот од главниот град на Шпанија забележа победа (97:90) по две одиграни продолженија. Аргентинскиот кошаркар Факундо Кампацо мина на теренот речиси 45 минути и имаше импресивна дабл-дабл партија, а беше во центарот на вниманието и по натпреварот.

Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда сочно пцуеше во првата изјава по натпреварот, што го насмеа весело новинарот кој ја зеде изјавата. Факундо не сфати што рече, па дури по смеата се прибра и директно пред камерата ја молеше Евролигата да не го казни за пцовката што ја слушнале сите љубители на кошарката во Европа.

„Се обидов да го повикам Марио Хезоња, да дојде во пик-енд-рол и да направам излез. Се обидов и видов дека тие з*е*аа, промашија. Извини, извини, извини… Немојте да ме казните поради ова, мојот англиски е катастрофа“, рече Факундо Кампацо.

Аргентинецот го заврши натпреварот со 18 поени, 10 асистенции и пет скокови, што беше еден од најдобрите учиноци на овој натпревар. Играч на натпреварот беше неговиот соиграч Валтер Таварес со 24 поени и 18 скокови, додека Марио Хезоња имаше 23 поени и седум скокови. Во поразениот тим се истакнаа Кевин Пантер со 27 поени и Јан Весели со 20 поени и осум скокови.

https://twitter.com/Eurohoopsnet/status/1862270105666699482?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1862270105666699482%7Ctwgr%5Ef835218f0524d5753d232ba9ac0a5134e63176c3%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmondo.rs%2FSport%2FKosarka%2Fa2006739%2Ffakundo-kampaco-opsovao-u-programu-nakon-pobede-reala.html
.