Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација одигра неизвесен натпревар со Австрија, кој се заврши нерешено 29-29 во првиот меч од главната фаза на Светското првенство. Овој резултат е од големо значење за македонската екипа, која во текот на целиот меч покажа храброст и борбеност.
Никола Костески изјави дека тимот е задоволен со постигнатиот бод, особено по таквата изедначена игра. Тој нагласи дека сега целото внимание е насочено кон следната задача – натпреварот против репрезентацијата на Катар.
„Ова беше драматичен меч, знаевме со каква селекција играме денеска, но му благодарам на Бог што одигравме нерешено. Среќни сме за освоениот бод. Одиме како на денешниот, така и на следниот меч против Катар. Да се подготвиме најдобро што можеме и да ја добиеме таа средба. Имаме уште многу да дадеме, ќе одмориме еден ден и со нови сили одиме на следниот натпревар до победа“, кажа Костески.