Алкалоид го доби ривалот за четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп

Тимот на Алкалоид, кој го освои ракометниот Куп на Македонија, ќе се пресретне со романскиот Баја Маре во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп.

Баја Маре е една од најдобрите екипи во романското првенство, моментално е четврти на табелата со 35 поени. Тимот заостанува 14 бодови зад водечкиот Динамо Букурешт и досега има постигнато 11 победи, 3 порази и 2 нерешени натпревари.

Алкалоид е со надеж за добар резултат во првиот дуел, кој ќе игра клучна улога за нивниот пласман во полуфиналето.