Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Езгјан Алиоски, македонски репрезентативец, заедно со својот клуб Ал-Ахли, испишаа нова страница во историјата со освојување на титулата во Азиската Лига на шампиони, кое е едно од најголемите признанија во континенталниот фудбал.
На финалниот натпревар во Џеда, Ал-Ахли го демонстрираше своето квалитет, со уверлива игра, постигнувајќи победа над јапонскиот тим Кавасаки Фронтале со резултат 2:0.
Головите беа постигнати во првото полувреме; најпрво Галено со одличен удар во 35. минута, а неколку минути подоцна Франк Кеси го зголеми водството на Ал-Ахли.