Хамилтон по трката му порача на шефот на Ферари: Смири се, пријателе!


Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Луис Хамилтон откри дека по трката во Мајами имал директен разговор со Фред Васьор, шефот на Ферари тимот во Формула 1.

Седумкратниот шампион беше прилично гласен на радиото на тимот, каде повеќепати ја изразуваше својата фрустрација заради нејасните тимски наредби и одлуки што, според него, го чинеа Ферари подобра пласман.

На крајот, Хамилтон заврши осми, веднаш зад тимскиот колега Шарл Леклерк, иако во текот на трката двапати ги менуваа позициите во обид да го стигнат Кими Антонели.

Фрустрацијата кај Хамилтон само се собираше, особено затоа што возеше на побрзи средно-тврди гуми, додека Леклерк возеше на потврдата компонента.

“Фред дојде кај мене во соба”, рече Хамилтон на новинарите по трката. “Само му ставив рака на рамо и му реков: ‘Смири се, пријателе. Не биди толку осетлив.’

Фото: Принтскрин