Лудило во Серија А: Наполи и Интер без тренери ќе го напаѓаат Скудетото


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Одлуката за шампионот на Италија оваа сезона ќе биде донесена во последното коло по тоа што синоќа Наполи и Интер не успеаја да триумфираат против Парма, односно Лацио.

Тимот од Неапол во последното коло од Серија А ќе ја пречека екипата на Каљари, додека Интер ќе игра како гостин против Комо, а интересен факт е дека играчите на двата тима ќе мораат да се борат за тронот без тренери на своите клупи.

Антонио Конте и Симоне Инзаги заработија исклучување и според правилото нема да можат да го водат тимот во клучните 90 минути.

Конте доби црвен картон откако се расправаше со некои играчи на клупата на Парма поради одолжување во играта, а набргу беше исклучен и тренерот на „млекарите“ Кристијан Киву.

Од друга страна, Инзаги беше бесен на колегата Марко Барони кој побара проверка со ВАР по играње со рака од Јан Бисек во 88. минута, по што Педри погоди од пенал.

Фото: Принтскрин