Инфлуенсер предизвика ММА легенда на меч – брутално беше нокаутиран (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Легендарниот бразилски борец Антонио Рожерио Ногеира, познат како Минотауро или ‘Малиот Бик’, брутално го нокаутира инфлуенсерот по име Фабио Тадала во боксерски меч.

Многу помладиот инфлуенсер успеа да ја преживее првата рунда против 48-годишната легенда. Зададе и неколку удари, но набрзо отиде на спиење.

Минотауро го погоди добро на крајот на втората рунда, Тадала беше тешко нокаутиран и мечот заврши.

Фото: Принтскрин