Милан е подготвен да го нападне Душан, овие се цифрите


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Срамежливо се најавуваше целото лето, но од денес е сосема јасно – Милан тргна по Душан Влаховиќ и ќе направи сѐ за да го доведе во своите редови од големиот ривал Јувентус.

На српскиот напаѓач на крајот од сезоната му истекува договорот со “старата дама”, и тој и клубот сакаат трансфер сега, а новиот-стар тренер на Милан Масимилијано Алегри, под чија палка Влаховиќ во Јувентус го игра својот најдобар фудбал, знае дека му е потребен Душан за да ги врати “росонерите” на врвот на Серија А и му издал наредба да тргне по него.

“Газета дело Спорт” пишува дека Милан подготвил понуда за која верува дека ќе биде доволна за да го потпише Влаховиќ, иако условите не се ни блиску на оние што Србин ги има во Јувентус.

Милан му нуди на Влаховиќ 6.000.000 евра по сезона, што е двојно помала годишна плата од сумата што би ја заработил во претстојната сезона како член на Јувентус.

Но, присутни се и бонуси кои се врзани за голови и освојување титула, како и дополнително зголемување доколку Милан се пласира во Лигата на шампионите.

Со одбивањето на “мега-понудата” од Ал Хилал, Влаховиќ покажал дека парите не му се приоритет и дека сака да игра во голем европски клуб, па каде поголема прилика од Милан? 

Затоа се чини дека овој трансфер е и повеќе од реален.

Јувентус од друга страна бара обештетување од 19.500.000 евра, Милан ќе се обиде да го намали тоа, бидејќи се работи за играч во последната година од договорот, но желбата е тука и Влаховиќ никогаш не бил поблизу до Сан Сиро, дури и ако остане оваа сума.

Фото: Grok AI