Милан сака брзо враќање во елитата: Седумкратниот европски првак донесе големо засилување од Премиер лигата


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Еквадорскиот фудбалер и поранешен играч на Брајтон, Перевис Еступињан, е нов член на Милан, соопшти седумкратниот европски првак!

Еступињан (27) ќе биде првиот Еквадорец во Милан, а со Росонерите потпиша договор до јуни 2030 година. Како што објавија италијанските и англиските медиуми, Брајтон ќе инкасира 17,5 милиони евра, и дополнителни два и пол милиони преку бонуси.

Во дресот на Галебите, Еступињан ги помина последните три сезони, и на 104 натпревари постигна пет голови и оствари 14 асистенции.

Фото: AC Milan