Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
На сите им е повеќе од јасно дека Милан мора да бара централен напаѓач, играч кој ќе биде сигурен пред голот на противникот и некој што ќе донесе барем 10-15 голови во новата сезона.
Останаа без Абрахам, Камарда и Јовиќ, па избраа неколку фудбалери.
Влаховиќ е уште далеку, а сега се свртеа кон – Хојлунд.
Данецот не успеа да се снајде во Манчестер Јунајтед, го изостави Рубен Аморим и се чека неговиот трансфер, прашање е само дали тоа ќе биде Наполи или Милан.
Наполи го сака веќе некое време, а интересно е дека на почетокот на летото се споменуваше и Интер како негов можен клуб.
Дали започнаа преговорите?
Денес се очекува официјалниот почеток, Милан ќе понуди позајмица со право на откуп за 40 милиони евра, веруваат дека ќе успеат во намерата да го доведат, а и самиот играч би сакал да се врати во Серија А.
Фотографија: Принтскрин