Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
По разочарувачкиот старт на сезоната во Серија А, со пораз од Кремонезе, Милан интензивно работи на зајакнување на својот напад. Младиот дански талент, Конрад Хардер, е многу блиску до трансфер во клубот.
Според новинарот Фабрицио Романо, комуникативниот процес меѓу „росонерите“ и клубот на младиот голгетер е во завршна фаза. Пречките во преговорите се минимални, што покажува дека трансферот наскоро ќе биде официјализиран.
Милан ќе издвои 24 милиони евра за Хардер, со можност таа цифра да се зголеми до 27 милиони евра во зависност од постигнатите бонуси.
Фото: Принтскрин