Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Умар Нурмагомедов победи на UFC 321 настанот во Абу Даби против Марио Баутиста со едногласна одлука на судиите, но во втората рунда, Дагестанецот беше на работ на нокаут. ‘Цел свет’ би го успал овој удар, но не и еден член на семејството Нурмагомедов.
Умар Нурмагомедов ќе добие нова шанса за напад на појасот во бантам категоријата во UFC кој го држи Мераб Двалишвили и кој му нанесе единствениот пораз во неговата кариера во јануари.
Спектакуларен настап имаше 29-годишниот Дагестанец синоќа во Абу Даби. Марио Баутиста буквално беше прегазен во октагонот.
Погледнете го овој навистина неверојатен момент во кој Умар прими тежок удар. Многумина би заспале по ова, но не и тој.
Наскоро, чудесниот Дагестанец повторно беше на нозе. Продолжи со доминација во борбата и на крајот ги доби сите три рунди за нов триумф.
Умар Нурмагомедов сега има рекорд 19-1, но што е најважно за него, повторно ќе има шанса да го нападне појасот кој го држи Мераб Двалишвили, иако не доминираше онака како што знае.
my ass cheeks clenched for a moment #UFC321 pic.twitter.com/y2cc4yfEkN
— Dovy🔌 (@DovySimuMMA) October 25, 2025











