Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Навивачите на бразилскиот великан Фламенго доживеаја голема трагедија и шок за време на патувањето на полуфиналниот натпревар од Копа Либертадорес. Додека патуваа од Рио кон Аргентина, автобус полн со страсни приврзаници на „Менгао“ се преврте на автопатот во сојузната држава Рио де Жанеиро.
Несреќата се случила околу 18:10 часот во понеделник, на 281. километар од автопатот Пресиденте Дутра – една од најпрометните и најважните сообраќајници во државата, која ги поврзува Рио де Жанеиро и Сао Пауло. Станува збор за област во надлежност на општината Барра Манса, каде што полицијата и итните служби брзо интервенираа по дојавата за несреќата.
“Пријавени се четириесет и шест жртви. Кај 32 лица станува збор за полесни повреди, десет повредени се умерено сериозни, додека четири лица здобиле тешки повреди”, се наведува во соопштението на компанијата која управува со автопатот. Повредените се пренесени во болниците во околината, а властите потврдија дека, и покрај сериозноста на настанот, засега нема информации за загинати личности.
⚠️ Видеото од моментот кога автобусот што ги носеше организираните навивачи на Фламенго кон Аргентина се преврте.
— Planeta do Futebol 🌎 (@futebol_info) October 27, 2025
🗞 | 🎥 @venecasagrande pic.twitter.com/22Xmlk7GZH
















