Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Кошаркарите на Јута по продожение остварија победа против Чикаго Булс во натпреварот во кој постигнаа дури 150 поени.
Првата четвртина беше апсолутно израмнета и ниту една екипа не успеа да направи предност.
Вториот период од играта им припаѓаше на гостите, кои на паузата отидоа со водство од девет разлика.
Токму во втората четвртина Јусуф Нуркиќ направи ново феноменално додавање кое привлече внимание и за кое сите зборуваат.
Во третата четвртина Јута успеа да ја намали предноста на Чикаго на четири разлика и знаеше се дека последната четвртина ќе донесе многу возбудувања.
Токму така и беше, а натпреварот на крајот заврши нерешено, па се одигра продолжение.
Таму со 150:147 поуспешни беа кошаркарите на Јута кои така остварија победа.
Својот тим до победата го водеше неверојатниот Марканен кој постигна 47 поени, имаше седум скока и две асистенции.
Јусуф Нуркиќ имаше скромна партија што се однесува до поени бидејќи постигна само пет, но имаше 14 скокови и пет асистенции.
Your nightly Jusuf Nurkic dime pic.twitter.com/liwnvHPCzJ
— Jazz Lead (@JazzLead) November 17, 2025
















