Неверојатен пресврт во борбата за титулата во Ф1: Норис и Пиастри дисквалификувани во Лас Вегас


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Возачите на Мекларен Ландо Норис и Оскар Пиастри се дисквалификувани од Големата награда на Лас Вегас. Ова е шокантна вест која значително ќе ја усложни борбата за титулата пред последните две трки на сезоната во Формула 1.

Се чинеше дека Ландо Норис е на чекор од освојување на титулата кога денеска ја заврши трката како второпласиран на Големата награда на Лас Вегас, но бодовите што ги освои ќе бидат избришани, што значи дека Макс Верстапен, победникот во Лас Вегас, сега му се приближи на само 24 бода заостанување.

Мекларен по трката беше повикан од стјуардите бидејќи се верува дека двата болида ги прекршиле техничките прописи. По истрагата се покажа дека ни болидот на Норис ни на Пиастри не ги исполниле барањата за дебелината на задниот клизач, поради што се дисквалификувани.

.