Тони Фергусон го претепа противникот, му го изби забот и речиси го нокаутира (Видео)


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


ТОНИ ФЕРГУСОН продолжува со сјајните настапи во 2025 година. Некогашниот привремен UFC првак во лесна категорија освои Misfits Boxing титула во средна категорија откако во саботата во Дубаи, на приредбата Misfits Mania, убедливо го совлада Ворен Спенсер.

По тешкиот период и осум последователни порази кои го означија крајот на неговата UFC кариера, изгледа дека Фергусон целосно ја промени среќата. Победата против Спенсер му беше втора оваа година, со што 42-годишниот „Ел Кукуј“ потврди дека се уште има што да понуди во боречкиот спорт и со голем замав влегува во 2026 година.

Фергусон од самиот почеток го наметна својот ритам, постојано притискајќи го Спенсер и исцрпувајќи го со прецизни удари вo главата и телото. Иако ова му беше само втор професионален боксерски меч, Фергусон покажа завидна тактика која кулминираше со уривањето на Спенсер во втората рунда. По пет рунди целосна контрола, судиите едногласно пресудија во негова корист со резултат 49-45, 49-45 и 48-46.