Се подготвува голема промена во Премиер лигата?!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, според сите информации, најверојатно ќе го напушти клубот од Лондон на крајот на сезоната, пренесоа Фабрицио Романо, а исто така и неколку британски медиуми.

На Австриецот договорот му истекува на 30-ти јуни 2026 година и наводно нема да го продолжи.

Тој ја предводи Палас од 2024 година и за кратко време успеа да постигне големи успеси на неговата клупа.

Го освои ФА купот и Суперкупот на Англија (Комјунити шилд), оваа сезона е главен фаворит во Конференциската лига, а екипата му игра многу атрактивен фудбал.

Поради сето тоа, тој е на мета на бројни екипи од Премиер лигата, има и такви со позвучно име од Кристал Палас и веројатно тоа е главната причина што најверојатно решил да замине.

Рече дека е време за нов предизвик“, наведуваат медиумите од Островот.

Кристал Палас е по 17 одиграни кола во Премиер лигата осми на табелата со 26 бодови, а утре во рамките на 18-тото коло ќе го пречека Tottenham од 17.30 часот.