Ѓорческа ја дозна првата противничка во квалификациите на Австралијан опен


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лина Ѓорческа, најуспешната македонска тенисерка, утре ќе го отвори својот настап на Австралијан опен во новата сезона, со амбиција да мине уште една квалификациска пречка и да се доближи до главниот турнир.

Во воведниот меч ја очекува сериозен предизвик, бидејќи на спротивната страна од мрежата ќе застане четвртата носителка во квалификациите, 23-годишната Австријка Сиња Краус, моментално рангирана на 108. позиција на ВТА-листата.

Натпреварот е закажан како последен на теренот број 12, што значи дека ќе се игра во попладневните часови по локално време во Мелбурн, односно во утринскиот термин за љубителите на тенисот во Македонија.