До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација денеска од 18 часот ќе го одигра решавачкиот натпревар од групната фаза на Европското првенство, во кој за ривал ќе ја има селекцијата на Романија.
Селекторот Кире Лазаров беше принуден да направи корекција во составот, откако поради повреда отпадна Петар Атанасијевиќ. Неговото место го зазеде Гоце Ојлески, кој доби дополнителна покана за приклучување кон националниот тим.
Средбата меѓу Македонија и Романија е закажана за денеска со почеток во 18 часот.

















