До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Најдобриот тенисер на сите времиња – Новак Ѓоковиќ, треба да се најде на главниот терен во Мелбурн за час и половина, каде ќе се обиде да го совлада Јаник Синер од Италија и да се пласира во големото финале на Австралија Опен.
Пред дуелот зборуваше Борис Бекер, легендарниот тенисер и поранешен тренер на Ѓоковиќ.
– Никогаш не би се кладел против Новака, но мечот со Синер е најтешкиот предизвик во Австралија. Освои трофеј две години по ред, Ѓоковиќ изгуби полуфинале од него пред две години. Но, Новак има подигнато пехар на Мелбурн парк десет пати и ако има некој што знае како се освојува трофеј овде, тоа е тој – рече Бекер, и додаде:
– Единствената причина поради која Ѓоковиќ уште игра тенис е да освои гренд слем трофеј, да стигне до 25. во кариерата, а 11. во Австралија. Сé друго во тенисот го остварил. Тој ќе се натера себеси додека може.
















