Дански ракометар откри драматични детали: Заврши во болница поради срцето


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Данска освои европско злато, во финалето беше подобра од Германија, но за најважниот натпревар од турнирот не можеше да смета на важниот играч Симон Халд.

Му се слоши на полуфиналниот натпревар против Исланд, на полувремето остана во соблекувалната затоа што се чувствуваше лошо по сударот со противничкиот играч. Прво се сомневаа на повреда на главата, но потоа открија повеќе детали:

“Паднав на подот и останав без здив. Беше како никогаш повеќе да не можам да земам воздух, а срцето ми чукаше силно. Се обидов да продолжам да играм, но за време на паузата почувствував дека нешто не е во ред. Ако станам, ќе се онесвестев,” откри во разговор за TV2 пред финалето.

Лекарите открија неправилности во работата на срцето, поради што го префрлија во болница, каде што го задржаа две ноќи на набљудување:

“Отчукувањата на срцето во мирување ми беа многу високи… Не беше пријатно, но ми рекоа дека не е особено опасно. Тоа ме смири,” раскажа.