До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Еден од најголемите борци во историјата на мешаните боречки вештини, Џон Џонс (38), откри дека се соочува со тешка здравствена состојба која би можела нагло да ја заврши неговата славна кариера. Џонс, кој доминираше во две тежински категории, се соочува со противник кој можеби нема да го совлада: времето и последиците кои тоа ги носи.
Џонс се појави на сцената како тинејџерско чудо и брзо стана најмладиот шампион во историјата на УФЦ. Во текот на повеќе од една деценија победуваше низа врвни предизвикувачи, од Данијел Кормиер до Александар Густафсон, и доминираше во две тежински категории благодарение на својата вештина и боречка интелигенција. Ретки се борците кои некогаш така лесно го контролирале октагонот.
Иако долго време беше на самиот врв, повредите ретко го забавуваа. Сепак, се чини дека времето е единствениот противник кој не може да го победи. И покрај гласините за неговото враќање и желбата на веќе импресивната кариера да додаде нови успеси, иднината во октагонот сега е под голем прашалник.
“Имам тежок артритис, а повеќето луѓе тоа не го знаат”, кажа Џонс. “Левото колк ми е целосно зафатено од артритис. Всушност, веќе сум кандидат за операција за заменување на колкот. За време на последниот тренинг камп, одев да спијам со големи болки.”












