Дончиќ и Леброн ги срушија Голден Стејт Вориорс (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс рутински го совладаа Голден Стејт Вориорс на гости со 129:101, во рамките на НБА лигата.

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ доминираше на натпреварот, запиша 26 поени со шест скока и осум асистенции.

Лејкерс го диктираше ритамот на натпреварот и го контролираше неговиот тек. Веќе по првата четвртина дојдоа до двоцифрена предност од +13 (33:20), а до крајот предноста само растеше до конечни +28 (129:101).

Освен Дончиќ, одличен беше и Леброн Џејмс со 22 поени, седум скока и девет асистенции, а екипата од Лос Анџелес имаше уште тројца со двоцифрени поени – Остин Ривс со 18, Лука Кенард со 16 и Џејк Ларавија со 15 поени.

Голден Стејт Вориорс беа без Стеф Кари, Џими Батлер и Кристапс Порзингис.