Неверојатен пресврт во кариерата: Душан Влаховиќ потпишува, но не за Јувентус?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Душан Влаховиќ неодамна се согласи на потпишување краткорочен договор (две години) со Јувентус, но италијанските медиуми вечерва пренесуваат вест дека на крајот Србин може да заврши во АК Милан.

Нов неверојатен пресврт се случува во кариерата на Душан Влаховиќ. Се очекуваше дека Србинот ќе остане во Торино бидејќи се согласи на новата понуда од Јувентус, но сега е поблиску до потпис со АК Милан.

Според информациите кои доаѓаат од Апенините, Росонерите му понудија на 26-годишникот исти услови како и Јувентус, односно плата од седум милиони евра по сезона, но подолг договор од оној што беше понуден од Старата дама.

Милан е подготвен да му понуди на Влаховиќ најмалку тригодишен договор, а сето тоа го ‘забрза’ агентот Дарко Ристиќ додека престојуваше во Милано поради трансферот на Андреја Костиќ, кој пристигнува на Сан Сиро од Партизан.

Управата на Росонерите ја искористи шансата за разговор и за Влаховиќ. На крајот дадоа понуда која дефинитивно ќе биде многу интересна за Влаховиќ и неговото окружување.