„Бев уништен, плачев со денови“: Рафа Надал ја отвори душата за борбата со ретката болест


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Рафаел Надал има освоено 22 гренд слема во кариерата. Кој знае колку повеќе би имал и како би се развивала неговата кариера ако не дознаеше во 2005 година дека има ретка болест. Дека има Милер-Фишеров синдром и дека единствениот лек за тоа е операција. Плачеше со денови, беше целосно уништен, мислеше дека кариерата му е завршена… Ја отвори душата за сето тоа во својот документарец кој беше емитуван на Нетфликс. Сè започна од финалето на Мастерсот во Мадрид во 2005 година кога го победи Иван Љубичиќ.

Во четвртиот сет почувствував дека нешто ‘пуцна’ во ногата. Мислев дека не е ништо сериозно, бидејќи можев да продолжам со мечот без многу проблеми. Не придавав голема важност, мислев дека ќе помине по неколку дена одмор”, започна Рафа.

Тргна Рафа веднаш кај својот доктор Анхел Руиз Которо, но ни тој не знаеше веднаш во што е проблемот.

Правевме разновидни тестови и забележавме дека повредата е идентична како првиот ден. Сфативме дека станува збор за хроничен проблем и утврдивме дека е Милер-Фишеров синдром. Тоа е многу ретка болест. Собравме сите можни податоци и насекаде видовме дека ниту еден врвен спортист не го имал тој проблем. Потоа се консултиравме со специјалистот за таа болест, докторот Масеира. Ми ја објаснија целата процедура, изгледаше доста комплицирано, требаше да ја сечат коската, да ја менуваат позицијата на стапалото. Докторот Масеира ми рече дека можеби никогаш нема да можам повторно да играм професионален тенис. Светот ми се распадна тогаш. Бев уништен, плачев… Мојот татко е многу позитивна личност, доаѓаше да ме утеши”, објасни Которо.