Марк Маркез ја шокираше мотоциклистичката јавност со одлуката да се повлече од МотоГП. Шпанецот, кој пред само пет дена ја освои својата десетта светска титула, ќе ја вози последната трка во кариерата овој викенд на Големата награда на Валенсија, официјално соопшти неговиот тим Дукати.
Според „Аутоспорт“, Маркез ја објави одлуката само неколку минути пред почетокот на првиот слободен тренинг во петокот, иако имаше важечки договор со Дукати за сезоните 2027 и 2028.
Минатиот викенд во Португалија, каде што ја обезбеди осмата титула во највисоката класа, Маркез не сакаше да зборува за својата иднина, а од раководството на Дукати тогаш велеа дека ќе го испочитува договорот до крај.
Шпанската РТВЕ потсетува дека Маркез и претходно отворено зборувал за повлекување во случај повредите да го спречат да вози на највисоко ниво.
Повеќе детали Маркез ќе открие на прес-конференција на патеката „Рикардо Тормо“ закажана за 12:15 часот. Од Дукати соопштија дека до тогаш никој од тимот нема да дава изјави.
















