Каков потег на Клоп: Излет на тимот во Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот тренер најде интересен метод да го врати тимот од поразот против Бурнмут.

Тренерот на Ливерпул, Јорген Клоп реши да го опушти малку тимот по неверојатниот пораз од Бурнмут во ПЛ и го однесе својот тим на 2-дневен излет во Барселона.

Според медиумите, целта овој пат е зближување на екипата. Клоп верува дека екипата ќе се одмори и барем на момент ќе заборави на поразот во ПЛ.

Клоп е познат по тоа што големо внимание дава на тимскиот дух и изградба на добра атмосфера во соблекувалната.

Екипата денес не тренираше додека во вторник треба да биде оддржан тренинг, па потоа заминување на стадион и гледање на натпреварот на Барселона и Менхенгладбах во ЛШ.

Во среда екипата се враќа во Ливерпул, а дуелот со Вест Хем се игра во недела од 17:30.