Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер испрати остра порака до голманот на својот поранешен тим, Лорис Кариус.
Карагер не е задоволен со неговите игри и смета дека Ливерпул мора да донесе подобар голман.
„Кариус оваа недела одговори на моите зборови. Мој совет е: Замолчи и работи си ја работата!“
„Вистински одговор на критиките би бил да го спасеше својот гол по ударот на Паје, но тоа тој не го стори. Против Вест Хем, како и против Бурнмут, неговите раце не беа доволно силни.“
Ливерпул го донесе Кариус во летниот преоден рок од Маинц.
Претходно тој беше член на Манчестер Сити и Штутгарт.