Хигинс во снукер класико подобар од О`Саливан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во ½-финалето на Скотиш Опен кој се игра во Глазгов за награден фонд од 366.000 фунти ќе играат Хигинс, Фу, Трамп и Делу.

Во снукер класико подобар беше Џон Хигинс кој успеа да го победи Рони О`Саливан со 5:2. Од самиот почеток на натпреварот Хигинс водеше и на крајот стигна заслужено до победата.

Марко Фу успеа да го победи Дејвис со 5:1, а интересен натпревар беше одигран помеѓу Трамп и Милкинс. Резултатот на крајот беше 5:3 за Трамп.

Во ½-финалето ќе играат Трамп и Хигинс, односно Делу и Фу.

https://youtu.be/XJf6r2F8tWA