„Сакам да играм само во Милан и во ниту еден друг тим!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Барселона, Џерар Делофеу се наоѓа пред излезните врати на Евертон.

Овој 22-годишен фудбалер изјави дека сака да го смени тимот. Делофеу доби неколку понуди од Англија, но јасно кажа дека му е голема желба да игра во Серија А.

„Доколку го напуштам Евертон, доаѓа во предвид само еден трансфер, а тоа е тој во Милан. Имам голема желба да играм за нив и да соработувам со Монтела.“

Италијанскиот клуб испрати понуда, но сеуште чекаат одговор од Евертон. Доколку Евертон одлучи да го продаде фудбалерот на Барселона, Милан ќе мора да плати најмалку 15 милиони евра за услугите на овој фудбалер.